Клиничката болница „Аџибадем Систина” има потреба од:
Медицински физичар
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Медицинскиот физичар е одговорен за примена на принципите и методите на медицинската физика во здравствената дејност на болницата, оптимизација на медицинските процедури и безбедна употреба на медицинската опрема која произведува јонизирачко зрачење.
- Одговорен е за дозиметрија, калибрација и контрола на квалитетот на апаратурата во радиотерапија
- Организира и врши технички процедури кои се дел од третманот на пациентот
- Врши планирање и надозр на радиотерапевтски третман, во координација со тимот лекар радиотерапевт и радиолошки технолог од одделот
- Учествува во едукација и вклучување на нови вработени во Одделот во врска со опремата и радијационата заштита
- Се грижи за безбедност и заштита од радијација, се грижи за начинот на работа и постојано е во тек со нови техники и опрема.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Завршено високо образование (ПМФ- Физика)
- Магистериум од областа ќе се смета за предност
- Специјализација од Медицинска физика (Медицински факултет)
- Работно искуство од над 5 години во радиотерапија или клиничка дозиметрија.
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компутери
- Прецизност и аналитички пристап кон работата
- Посветеност на безбедноста на пациентите и вработените
- Високо ниво на доверливост и етика
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.