Доц. д-р Дарко Саздов, специјалист по анестезиологија и интензивно лекување, оствари стручен престој во Универзитетската болница Атикон во Атина, една од водечките универзитетски болници во Грција.
За време на престојот беше реализирана посета на болницата и активно учество во клиничка работа на повеќе современи медицински процедури за третман на болка, меѓу кои криоблација и крионевролиза. Работата се одвиваше во соработка со врвни специјалисти и мултидисциплинарни тимови, со фокус на примена на напредни техники за третман на болка и минимално инвазивни интервенции.
Овој стручен ангажман претставува значаен придонес кон континуираното професионално усовршување и имплементација на современи методи во клиничката практика, со цел унапредување на квалитетот на здравствената заштита на пациентите.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.