Аџибадем Систина

Д-Р БЕТИ КОСТАДИНОВСКА-ЈОРДАНОСКА ДЕЛ ОД 7. МЕЃУНАРОДЕН МЕДИЦИНСКИ КОНГРЕС ВО ПРИШТИНА

04.12.2025

Од 21 до 23 ноември во Приштина, Косово, се одржа 7. Медицински конгрес на тема „Ургентна медицина, интензивна нега и анестезија при здравствени кризи: Предизвици на иднината“ во организација на Лекарската комора на Косово.

Главен фокус на овој конгрес беа актуелните предизвици во интензивната медицина, новитети и пристапи во третманот на пациенти во критични состојби, богата научна програма, сесии и панел-дискусии со реномирани меѓународни предавачи и експерти.

На овој конгрес од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како предавач учествуваше д-р Бети Κостадиновска-Јорданоска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување при Одделот за интензивна нега во кардиохирургија која се претстави со своја стручна презентација на тема: "ROTEM Sigma: Напреден хемостатски пристап во мултидисциплинарна контрола на крвавење".

Конгресот има за цел зајакнување на регионалната соработка, можност за размена на искуства и континуирана медицинска едукација.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.