Д-р Весна Пљакоска, специјалист по дерматовенерологија и доц. д-р Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, супспецијалист по детска кардиохирургија, беа дел од панел-дискусијата на националната платформа „Менаџмент, здравје, убавина“, каде што учествуваа како стручни панелисти меѓу еминентни домашни и меѓународни експерти.
Настанот претставуваше уникатно место на кое се вкрстија управувањето со времето, научниот пристап кон здравјето и современите концепти на убавина, со посебен фокус на важноста од воспоставување рамнотежа меѓу овие три клучни сегменти, како предуслов за квалитетно живеење во денешното брзо и динамично општество.
Во рамки на панел-дискусиите и практичните сесии, учесниците имаа можност да проследат инспиративни перспективи, стручни искуства и холистички пристапи кон личната благосостојба, професионалниот успех и одржливиот развој.
На настанот беа опфатени повеќе значајни теми, меѓу кои: репродуктивно здравје кај жените, кардиоваскуларно здравје; превенција и борба против рак; холистичка убавина и природна козметика; уметноста на управување со времето и успехот; како да се постигне баланс меѓу професионалниот успех и личната благосостојба.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.