Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа презентација на напредната роботско-навигациска платформа ExcelsiusGPS®, развиена од реномираната компанија Globus Medical (Globus USA).
Овој иновативен систем претставува една од најсовремените технологии во областа на интелигентната навигација, роботика и напредна хируршка поддршка, со цел подобрување на прецизноста, безбедноста и ефикасноста во спиналната хирургија. ExcelsiusGPS® комбинира роботска рака со целосна навигација во реално време, овозможувајќи:
Презентацијата беше одржана од претставниците на Globus USA, кои пред тимот ортопеди, трауматолози и неврохирурзи од „Аџибадем Систина“ детално ги претставија можностите на системот, како и неговата примена во напредната спинална хирургија, со акцент на придобивките што ги подобруваат безбедноста на пациентите и работата на хируршките тимови.
Како лидер во здравствениот сектор, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го поддржува воведувањето на најсовремени медицински технологии кои овозможуваат прецизни и безбедни хируршки интервенции и ја подигнуваат здравствената грижа на повисоко ниво.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.