Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ денес беше успешно реализирана комплексна симулациска вежба која опфати евакуација и згрижување на пациенти, повредени лица, посетители и персонал во услови на земјотрес и пожар. Во рамките на вежбата беа демонстрирани постапки за прва медицинска помош и противпожарна заштита, со цел да се тестира реалната подготвеност на болницата во вонредни ситуации.
Благодарение на редовните обуки и тренинзи, персоналот на „Аџибадем Систина“ реагираше брзо, координирано и професионално, што уште еднаш ја потврди високата подготвеност и способност за справување со вакви кризни состојби.
Координатор на вежбата беше Марјанчо Јаневски, командир на Единицата за заштита и спасување во болницата. Како и секоја година, активностите беа реализирани во соработка со Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии тимови активно учествуваа со свои екипи и специјализирана опрема.
Како општествено одговорна компанија, која секогаш ги става здравјето и безбедноста на пациентите на прво место, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе продолжи да спроведува ваков тип едукации, за да обезбеди највисоко ниво на сигурност во кризни ситуации.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.