Континуираното усовршување на медицинскиот персонал е еден од главните приоритети на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Интраоперативниот невромониторинг е високо специјализирана метода која бара современа апаратура и обучен тим од невролози што ги следат функциите на нервното ткиво.
Во таа насока, тимот невролози и медицински сестри од Одделот за неврологија учествуваа на обука водена од холандски експерти, посветена на напредни техники на интраоперативен невромониторинг. Оваа техника се применува за време на операцијата за да се заштити функцијата на нервниот систем, користејќи електрофизиолошки методи кои овозможуваат следење на нервните структури во реално време. Придобивките вклучуваат поголема прецизност при интервенцијата, превенција на оштетување на нервното ткиво, спречување на невролошки дефицит, помага при донесувањето одлуки, подобри оперативни резултати и побрзо закрепнување на пациентите.
Интраоперативниот невромониторинг се користи за време на операции на мозочното стебло, на сите сегменти од ‘рбетниот столб, како и при третман на тумори на ‘рбетниот столб, спинални процеси, дискус хернии и спинални стенози. Исто така, оваа техника се применува и при операции на тироидната жлезда.
Оваа обука имаше за цел медицинскиот тим да ја усоврши оваа метода и да ја примени на нови хируршки процедури, кои досега се изведувале без следење на функцијата на нервното ткиво.
Токму ова практика, вложувањето во континуирана обука и современа технологија, ја прави „Аџибадем Систина“ водечки центар во примената на најсовремените медицински стандарди.