М-р д-р Севим Шуекинџи од „Аџибадем Систина“ дел од панелистите на Health Innovation Expo 2025
Предизвиците на приватните здравствени институции, дигитализацијата во здравството и медицинските технолошки иновации беа во фокусот на првиот ден од Саемот за медицина, стоматологија и фармација – Health Innovation Expo 2025.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како најголема приватна здравствена институција во земјава и регионот, активно учествуваше во повеќе дискусии, меѓу кои и панелот посветен на предизвиците на приватните болници во современата пракса. М-р д-р Севим Шеукинџи, главен извршен директор на „Аџибадем Систина“, истакна дека дигитализацијата претставува еден од клучните приоритети за модерно, ефикасно и пациентски ориентирано здравство. Таа нагласи дека болницата континуирано инвестира во најсовремена технологија за да ги следи светските медицински трендови и да обезбеди врвна здравствена услуга.
„Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’, како партнер на најголемата здравствена групација ‘Аџибадем’ и дел од вториот најголем синџир на болници во светот – малезиската групација IHH, е во чекор со современото дигитализирано здравство. Инвестираме во најнова медицинска опрема, го користиме најдоброто од светските практики и секојдневно разменуваме искуства со водечки интернационални експерти. Тоа ни овозможува да останеме лидери во регионот и да им понудиме на пациентите здравствена услуга според највисоки стандарди. Ни претставува чест што бевме дел од панелот и што заедно со министерот за здравство и останатите релевантни институции разговаравме за заедничките предизвици и идни решенија. Нашата цел е здравството да биде уште подостапно, понапредно и поквалитетно за сите пациенти“, изјави Шеукинџи.
Health Innovation Expo 2025, организиран од Комората на приватно здравство, ги обедини водечките експерти, компании и институции кои ги претставија најновите иновативни решенија преку јавни трибини, предавања и саемски презентации, ставајќи акцент на иднината на современата медицинска грижа.