Аџибадем Систина

Д-Р ФАДИЉ БЕЏЕТИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО СВОЕ ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА АНАФИЛАКТИЧЕН ШОК

29.10.2025

Д-р Фадиљ Беџети, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување, од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ одржа стручна презентација на тема: „Анафилактичен шок – современ третман и значењето на итната интервенција“. Во своето предавање, д-р Беџети ги сподели најновите сознанија и клинички искуства во третманот на анафилактичкиот шок, нагласувајќи ја важноста на брзата дијагноза, соодветниот третман и координираната тимска интервенција за спасување на животот на пациентот.

Предавањето на д-р Беџети беше дел од 30. Средби на Здружението на лекари Албанци во Македонија, настан со меѓународно учество кој ги обединува истакнатите медицински професионалци од различни области, кој се одржа во Струга од 23 до 26 октомври.

 

 
 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.