Аџибадем Систина

ДОКТОРИ ОД ,,АЏИБАДЕМ СИСТИНА” УЧЕСНИЦИ НА АО ТРАУМА СОБИРОТ

15.10.2025

На 3 и 4.10.2025 година се одржа веќе традиционалниот собир на АО Траума, овој пат организиран како семинар со наслов: "Актуелни теми за траума на горните екстремитети" на кој учествуваа 36 партиципанти и седум истакнати предавачи од земјава, како и тројца предавачи од странство                    (Хрватска, Србија и Австрија).
Семинарот беше организиран во вид на предавања и мали дискусиски групи, како и завршна панел-дискусија на сите учесници и предавачи. Интересот беше голем, затоа што тоа претставуваше можност докторите, специјалистите и специјализантите по трауматологија и ортопедија да добијат информации за најновите достигнувања во делот на траумата на горниот екстремитет, но и нивната практична примена во секојдневното работење.

На семинарот активно учество зеде проф. д-р Игор Кафтанџиев, во својство на предавач и копретседател, а присуствуваа и д-р Даниел Јакимовски и д-р Филип Видоевски од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Настаните на АО Траума се собири на доктори од областа на трауматологијата и ортопедијата, како дел од најголемата светска едукативна мрежа, формирана во 1958 година со седиште во Давос, Швајцарија, а денес се простира на сите континенти и ги дефинира стандардите во лекувањето, но и едукацијата и истражувањата во таа област. Во Македонија, ваквите настани се одржуваат од 2017 година, кога првпат беше формиран огранокот на АО Траума Европа за Македонија и беше организиран семинар. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.