Во духот на знаењето, истражувањето и современиот пристап во медицината, на 1 и 2 октомври во Скопје се одржа Третиот регионален симпозиум на млади ендокринолози. На едно место беа собрани бројни млади и искусни специјалисти посветени на областа на ендокринологијата.
Воведното предавање во сесијата за дијабетес беше на тема: „Еволуција и драматичен пресврт во третманот на дијабетес тип 2“, и го одржа д-р Надица Божиновска-Димова, специјалист по ендокринологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Предавањето понуди осврт на современите терапии, новите насоки и персонализираниот пристап во лекувањето на дијабетес тип 2 – тема од клучно значење за секојдневната клиничка практика на ендокринолозите.
Регионалниот симпозиум на млади ендокринолози претставува важна платформа за размена на искуства, вмрежување и поддршка на млади медицински професионалци, кои го градат својот пат во оваа динамична и исклучително значајна медицинска специјалност.