Аџибадем Систина

НЕОНАТОЛОШКА ЕДУКАЦИЈА ЗА ПОДОБРА ГРИЖА КОН НАЈМЛАДИТЕ ПАЦИЕНТИ

19.09.2025

Во организација на Здружението на неонатолози, се одржа значајна едукација наменета за педијатри и неонатолози, фокусирана на најновите препораки од 8. издание на Американската академија на педијатрија. Целта на оваа едукација е унапредување на неонаталната интензивна нега и лекување на најранливите пациенти – новороденчињата.

Надградбата на знаењата и практичните вештини на здравствените работници претставува важен чекор кон подобрување на квалитетот на здравствената грижа за новороденчињата во нашата земја. Особено внимание се посвети на следниве теми:
  • Современи протоколи за неонатална интензивна нега
  • Нови методи за лекување на критично болни новороденчиња
  • Практични вежби и размена на искуства помеѓу здравствени професионалци.
Од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ дел од едукацијата беа: д-р Јана Јовановска, специјалист по педијатрија и медицинските сестри Сунчица Спасовска и Сашка Арсовски.
Со активно учество на вакви стручни настани, нашите здравствени професионалци продолжуваат да вложуваат во квалитетна, современа и хумана грижа за најмалите пациенти – од самиот почеток на животот.

 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.