Менопаузата е една точка во континиумот на жвотните фази на жените и го означува крајот на репродуктивните години. За повеќето жени, менопаузата е означена со престанок на менструалниот циклус. Редовноста и должината на меструалниот циклус варира во тек на репродуктивниот животен век на жената, но најчестата возраст на која се јавува природна менопауза е генерално помеѓу 45 и 55 годишна возраст. Хормоналните промени поврзани со менопаузата може да влијаат на физичката, емоционалната, менталната и социјалната благосостојба; а симптомите кои се јавуваат за време и по менопаузалната транзиција значително варираат.
Од исклучително витално значење е менопаузата да се сфати како нормален дел од животот на жената. Сите промени кои се случуваат во телото и симптомите кои ги чувствуваат жените можат негативно да влијаат на нивниот порфесионален и приватен живот. Затоа, перименопаузалната нега има многу важна улога во промовирањето на здравото стареење и одржувањето на квалитетот на животот на жената. Социјалното искуство на жената може исто така да биде под влијание на општествените норми и социо-културолошките фактори, токму затоа менопаузата нуди важна можност да се провери нечие здравје, да се евалуира начинот на живот и животните цели.
Пакетот содржи:
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.