Во духот на општествената одговорност и хуманоста, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ успешно реализираше две крводарителски акции, кои се реалзираа на 9.7 и 10.7.2025 година.
Со силна поддршка од целиот персонал, кој уште еднаш покажа дека медицинската професија не е само работа, туку и начин на живот исполнет со грижа, емпатија и посветеност, беа собрани 189 единици крв. Оваа бројка на крвни деривати претставува значителен придонес за националните резерви на крв и е доказ за посветеноста и хуманоста на тимот на болницата.
Како општествено одговорна компанија, болницата веќе 15 години организира и поддржува крводарителски акции, препознавајќи ја нивната исклучителна важност. Првата крводарителска акција во нашата болница беше организирана во 2010 година и оттогаш во континуитет се одржуваат по неколку крводарителски акции годишно.
Клиничка болница „Аџибадем Систина“ и понатаму ќе остане активен партнер на општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина, во вакви хумани иницијативи, со цел да се поддржи здравствениот систем и да се помогне на што поголем број пациенти во потреба.