Аџибадем Систина

Лекарската комора со благодарници за медицинскиот тим на „Аџибадем Систина“

10.06.2025

Во знак на благодарност за исклучителната стручност, пожртвуваност и хуманост што ја покажаа во спасувањето на животите на повредените во пожарот во Кочани, на свеченоста организирана по повод 33-годишнината од постоењето на Лекарската комора, беа доделени благодарници на 14 доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Нивната несебична ангажираност беше клучна во справувањето со последиците од трагичниот настан и уште еднаш го потврдија своето залагање за здравјето и животот на пациентите. Благодарници добија: проф. д-р Боро Џонов, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, прим. м-р Илија Мостров, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, д-р Мирјана Нацка, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, проф. д-р Игор Кафтанџиев, медицински директор, д-р Никола Шиков, специјалист по анестезиологија со реаниматологија, д-р Панде Чукалевски, специјалист по анестезиологија со реаниматологија, д-р мед. науки Ивица Димитров, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување, доц. д-р Дарко Саздов, специјалист по анестезиологија и интензивно лекување, д-р мед. науки Јасна Бушиноска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување, д-р Наталија Георгиевска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија, д-р Оливер Јовковски, специјалист по пулмологија, д-р Оливера Димова, специјалист по психијатрија, д-р Биљана Ќурчиќ, специјалист по микробиологија, прим. м-р Билјана Какараскоска Боцеска, специјалист по микробиологија.

Лекарската комора одбележа 33 години од постоењето како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја на свеченоста организирана во Велес, во присуство на претставници на државни институции, претставници на органите и телата на Комората, како и доктори од целата држава.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.