Аџибадем Систина

Проф. д-р Андреј Петров и д-р Весна Пљакоска – предавачи на 6. Меѓународен конгрес на дерматовенеролози

03.06.2025

Во периодот од 29 мај до 1 јуни 2025 година, во Црна Гора се одржа 6. Меѓународен конгрес на дерматовенеролози, на кој активно учество зедоа и дерматовенеролозите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Проф. д-р Андреј Петров предаваше на тема: „Ласерско обновување на оштетена кожа од сонце“, додека д-р Весна Пљакоска зборуваше на тема: „Хиперпигментација на кожа“.

Конгресот ги обедини најреномираните меѓународни експерти – дерматолози, пластични хирурзи, козметичари, фармацевти и медицински техничари, овозможувајќи им да разменат најнови научни сознанија, искуства и иновации од областа. Во рамки на конгресот беа организирани и практични работилници, каде што учесниците имаа можност да се запознаат со интересни клинички случаи и современи пристапи во дерматолошката практика. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.