Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше еден од главните поддржувачи на симпозиумот Недела на женското здравје во организација на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО. Симпозиумот, под мотото „Сакај се себе. Сакај го своето здравје!“, се одржа на 17 мај, а пред присутните гости и предавачи свои стручни излагања имаа и доктори – специјалисти по гинекологија и акушерство од „Аџибадем Систина“.
Д-р мед. науки Никола Баџаков имаше стручно излагање на тема: „Употреба на стандардни и нови методи во третманот на урогинеколошки заболувања“, а свое искуство за примената на ласерска технологија во третманот на урогинеколошки проблеми сподели и д-р Бобан Сарџовски, специјалист по гинекологија и акушерство.
Доц. д-р Корнелија Трајкова имаше излагање на тема: „Нови перспективи во женската урогенитална хармонија“, а м-р д-р Александар Бојаџиев зборуваше на тема: „Влијание на животниот стил и витамински суплементи при IVF третмани“, во рамки на сесијата посветена на реалната потреба од супортивна и дополнителна терапија пред и по IVF-постапките. Д-р Павле Димчев, специјалист по гинекологија и акушерство, беше модератор на последната сесија под наслов: „Неинвазивна пренатална дијагностика VS Ултразвук и PRISCA“.
Овој традиционален настан претставува одлична можност за размена на искуства, стручни дискусии и разговори за актуелни теми од областа на гинекологијата и акушерството.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.