Од 4 до 6 април 2025 во Охрид се одржа Вториот конгрес на Македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега МЗМСАРИН. На конгресот од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ покрај Марина Николоска и Андроники Бибовска, како членови на Научно-стручниот и организациски одбор, учество како предавачи зедоа и: Елена Костовска, Оливера Бошковска и Ивица Петровски, како и 10 колешки и колеги од одделите за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Конгресот го посетија 250 учесници од речиси сите јавни и приватни здравствени установи од Македонија и регионот. За време на двата конгресни денови беа презентирани 27 стручни теми, практични примери, работилници, споделени искуства и новитети во работата. За најдобра презентација на конгресот беше избрана темата: „Разлика помеѓу TIVA и TCI“ на нашиот колега Ивица Петровски, медицински техничар во „Аџибадем Систина“.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ дава континуирана поддршка во едукацијата и развојот на медицинските сестри, а доказ за тоа е присуството на наши членови на сите настани поврзани со едукативни предавања и стручно усовршување.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.