Аџибадем Систина

Целокупниот медицински тим и сите капацитети на „Аџибадем Систина“ се на располагање

16.03.2025

Длабоко сочувствуваме со семејствата на сите повредени лица во овој катастрофален настан кој ја потресе целата јавност. По дознавањето за информацијата за трагичната несреќа во Кочани, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ оформи Кризен штаб кој е во постојана координација со Министерството за здравство. Уште од утринава, вратите на нашата здравствена институција се широко отворени за сите повредени пациенти.
 
Целокупниот медицински тим и сите капацитети на болницата се на располагање за да се згрижат повредените лица. Трите медицински возила на болницата од утрово се на терен и се вклучени во медицинскиот транспорт на повредените пациенти до соодветни здравствени институции.
 
Досега во болницата се примени четири пациенти, две девојки и две момчиња за кои е обезбедена најдобрата медицинска нега.
Со помош на нашите три медицински транспортни амбулантни возила кои се комплетно опремени со три медицински тимови, наскоро ќе биде реализиран меѓународен транспорт на тешко повредени пациенти од КАРИЛ до здравствена институција од соседна држава.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.