Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го поддржа првото издание на „Power Hour“ и иницијативата за унапредување на женското здравје.
На панел-дискусијата посветена на грижата за женското здравје, која беше одржана на 5.3.2025 во СЦ „Борис Трајковски“, свое учество како предавач имаше и доц. д-р Корнелија Трајкова, специјалист по гинекологија и акушерство, која зборуваше за поврзаноста на физичката активност и менструалниот циклус, стресот и гинеколошките заболувања, како и превенција од гинеколошки заболувања преку активен животен стил, истакнувајќи ја и важноста од редовни гинеколошки прегледи.
Оваа поддршка е во рамки на одбележувањето на месецот на жената, во кој „Аџибадем Систина“ поддржа низа едукативни настани посветени на унапредување на женското здравје, со цел да се подигне свеста за важноста на грижата за здравјето на жените.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.