Во периодот од 24 февруари до 14 март 2025 година, ученици од Средното медицинско училиште ,,Бјеловар" од Хрватска ќе ја посетат Клиничката болница ,,Аџибадем Систина" во рамките на Еразмус+ програмата.
За време на посетата, учениците ќе имаат можност да ја надградат својата теоретска подготовка преку практично искуство на Одделот за гинекологија и акушерство, како и да ги посетат преостанатите оддели и да се запознаат со нивните процеси и функционирање. Ова е одлична прилика за учениците да се запознаат со високите стандарди за грижа на пациентите и функционирањето на најмодерната болница во регионот, која постојано се развива и унапредува.
За нас, како болница, е голема чест да бидеме дел од оваа значајна образовна програма и да ја поддржуваме реализацијата на вакви проекти.