Аџибадем Систина

Учениците од СГГУ ,,Здравко Цветковски" во посета на ,,Аџибадем Систина"

05.12.2024

Учениците од СГГУ ,,Здравко Цветковски" ја посетија Клиничката болница ,,Аџибадем Систина", со цел да се запознаат со архитектурата и процесот на проектирање на една комплексна здравствена институција. Посебен акцент беше ставен на тоа како архитектурата и внатрешниот дизајн придонесуваат за удобноста на пациентите и медицинскиот персонал.

По едукативното предавање, учениците направија обиколка на болницата и посетија повеќе оддели каде што ги разгледаа просториите и се запознаа со нивната инфраструктура, организација и функционалност. Вработените од Одделот за реконструкција и одржување им ја објаснија на учениците важноста на функционалниот дизајн, природното осветлување, материјалите што се користат, како и интеграцијата на современите технологии во здравствените установи.

Оваа едукативна посета беше организирана со цел да им овозможи на учениците подобро да се запознаат со современите архитектонски и дизајнерски принципи што се применуваат при проектирање на еден здравствен објект.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.