Како дел од промотивните активности на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во рамки на месецот посветен на подигнување на свесноста за женското и машкото здравје, беа одржани две работилници наменети за едукација на вработените во компанијата „Џонсон Мети“.
Преку стручното излагање на д-р Даниела Поповска, онколог од „Аџибадем Систина“, вработените во „Џонсон Мети“ имаа можност да слушнат совети и препораки за справување со стресот, заштита и унапредување на здравјето, важноста од самопрегледите и спроведување на редовни превентивни прегледи. Пред голем број вработени, беа презентирани ризик-факторите, симптомите и можностите за третман на најчестите заболувања, кои ги погодуваат машката и женската популација. Во услови кога дијагностиката и терапевтските можности се високоразвиени, одговорноста на секој од нас за сопственото здравје е во редовните превентивни прегледи, кои овозможуваат откривање на болестите во рана фаза, со цел успешен и ефикасен третман.
Едукацијата за здравје не само што е добра практика, туку и демонстрира општествена одговорност. Преку иницијативата за две успешно реализирани работилници, „Џонсон Мети“ докажа дека е компанија која инвестира во здравјето на своите вработени и е посветена на нивната добросостојба. Превенцијата не само што спасува животи, туку создава и поздраво и посреќно работно опкружување, што придонесува за долгорочен успех на компанијата.
Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.