Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше коорганизатор и домаќин на Ехо школата 2024, настан организиран од Здружението на лекари специјализанти. Овој настан овозможи над 40 млади лекари да се стекнат со нови знаења и практични вештини, обезбедувајќи им непроценлив увид во современите дијагностички методи.
На Ехо школата учествуваа истакнати предавачи, меѓу кои и д-р Ивана Јовановска - Христова, специјалист по кардиологија од „Аџибадем Систина“. Таа, заедно со другите експерти, ги сподели своите искуства и експертиза, придонесувајќи за професионалниот развој на младите лекари. Свои предавања и активно учество во работилницата на оваа Еко школа исто така имаа и проф. д-р Елизабета Србиновска Костовска и асс. д-р Ирина Котлар Велкова.
Настанот претставуваше значаен чекор во унапредувањето на медицинската пракса и знаењето кај новите генерации лекари.
Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.