Одржан стручен состанок на тема: „Современи методологии со клиничка пракса во урологијата”
Македонското здружение за урологија организираше стручен состанок под наслов „Современи методологии со клиничка пракса во урологијата“ на кој проф. д-р Сотир Ставридис одржа предавање на тема: „Третман на БПО и СДУТ во реална клиничка пракса“.
Во рамки на предавањето, беа презентирани резултатите од научни студии кои имаа за цел да ги анализираат терапевтските модалитети и пристапи за лекување на бенигната простатична опструкција (БПО) и симптомите на долниот уринарен тракт (СДУТ).
Исто така, на состанокот беше одбележан почетокот на ноември како Месец на машкото здравје, со што се нагласи важноста на превенцијата и раната дијагноза на машките здравствени проблеми.