Радиолошкиот тим на „Аџибадем Систина“ дел од Меѓународниот неврорадиолошки симпозиум

11.11.2024

По повод светскиот ден на радиологијата, на 7 и 8 ноември, во Скопје беше одржан Меѓународен неврорадиолошки симпозиум со сесија за развојот и идните перспективи на невроинтервентната радиологија, на кој домаќин беше доц. д-р Менка Лазареска, специјалист по неврорадиологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина”, која учествуваше со две свои предавања.

Модератор на настанот беше доц. д-р Александар Ѓорески, специјалист по радиологија од „Аџибадем Систина", кој воедно е и претседател на Македонското здружение на радиолози. На овој настан, покрај радиолошкиот тим на нашата болница, учествуваа и еминентни радиолози ширум Европа, одржани беа многубројни предавања и работилници на кои беа претставени најновите медицински достигнувања од областа на неврорадиологијата. 

На 8 ноември секоја година се одбележува светскиот ден на радиологијата, во чест на германскиот физичар и научник  Вилхелм Конрад Рентген, кој на крајот на 19 век ги открил рендген-зраците без кои денес не може да се замисли модерната медицина. Од тогаш па сѐ до денес, радиологијата се развила и модернизирала така што во денешно време имаме многубројни радиолошки методи кои се употребуваат речиси во секоја гранка од медицината. 

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.