Прво место за фудбалската екипа на ,,Аџибадем Систина”
Нашата фудбалска екипа го освои највисокото, прво место на турнирот во мал фудбал кој се одржа во организација на Комисијата за спортски активности при Лекарската комора на Македонија. Со својата пожртвувана игра успеаја да ги надиграат другите екипи и да нѐ направат горди со одличниот резултат. Во рамки на овој настан, покрај фудбалските натпревари се одвиваа повеќе спортски активности, кои беа одлична можност за дружба и рекреација помеѓу вработените од здравствените установи ширум земјава.