Д-р мед. науки Маја Стојчевска-Чапова и медицинската сестра Љупка Михајлоска, дел од BREASTANBUL 2024

19.10.2024

Од 10 до 12 октомври во Истанбул се одржа меѓународната конференција BREASTANBUL 2024 со главен фокус на ракот на дојка. Оваа конференција, која се одржува на секои две години, на едно место собра голем број еминентни професори од целиот свет, кои преку интерактивните сесии ги споделија своите искуства, сознанија и најнови трендови во дијагностиката и лекувањето на оваа малигна болест.

Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на овој голем настан присуствуваа д-р мед. науки Маја Стојчевска-Чапова, специјалист по радиодијагностика и одделенската сестра на Одделот за радиологија, Љупка Михајлоска.

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.