Аџибадем Систина

ГИНЕКОЛОЗИ И ЕМБРИОЛОЗИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД 40. КОНГРЕС НА ESHRE

23.07.2024

Од 7 до 10 јули во центарот РАИ Амстердам се одржа 40. Конгрес на Европското здружение за хумана репродукција и ембриологија (ESHRE) кое има клучна улога во овозможување и ширење на истражувањата за човечката репродукција и ембриологија до пошироката јавност, научниците, лекарите и здруженијата на пациенти.
Од клиничката болница „Аџибадем Систина“ учествуваа дел од тимот специјалисти по гинекологија и акушерство од Одделот за асистирана репродукција: д-р Слободан Лазаревски, доц. д-р Митко Ивановски, м-р доктор Клементина Кузеска, м-р доктор Александар Бојаџиев и д-р Михаило Поповиќ.

Kolazh ESHRE

„Нашиот тим секоја година традиционално учествува на овој настан на кој се презентираат најновите научни достигнувања и сознанија во областа на репродуктивната биологија и медицина. Богатата програма со бројни предавања на еминентни предавачи со долгогодишно искуство, интерактивни дебати, практична работа се одлична можност за стекнување на нови знаења, размена на искуства и препораки, со цел на пациентите да им обезбедиме најквалитетна услуга и остварување на новиот сон да станат родители“, велат докторите.
Заедно со гинеколозите дел од овој четиридневен конгрес беа и ембриолозите Марија Ѓорѓиевска и Невена Димовска.

Kolazh ESHRE

„Главна цел ни беше да ги следиме трендовите и развојот во репродуктивната биологија и медицина, да се здобиеме со нови сознанија и препораки за да се овозможи подобар пристап на иновациите за пациентите и истовремено да се обезбедат ефикасност и безбедност на методите“, велат ембриолозите.
Годинешниот состанок на ESHRE во Амстердам собра  на едно место над 12 000 специјалисти за репродуктивна медицина од 138 земји од светот.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.