На 11 јули во Чикаго се одржа Вториот самит за ретки болести, уникатен форум на кој беа презентирани современи приоди во лекување на ретките болести, болничкиот пристап, современа дијагностика и генетски третман. Како претставник од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на овој значаен самит, како млад истражувач и професионалец во својата дејност, беше поканет м-р Среќко Рајовски, менаџер за бизнис и развој на Дијагностички лаборатории.
„Сакам да истакнам дека ми беше огромно задоволство и чест што бев поканет како учесник на еден ваков научен самит. Можноста да се водат дебати, да се споделат мислења и прашања за теми од интерес пред веќе докажани научни институции и пред нивните научници е несекојдневна прилика“ – изјави м-р Среќко Рајовски.
Сеопфатната агенда на самитот е структурирана околу клучните цели: да се насочи процесот на дијагностицирање, да се подобрат методологиите за лекување, да се поттикне свеста за ретките болести и со тоа да се поттикнат истражувањето и развојот за нови терапии и да се залагаат за реформи во политиката, кои ја поддржуваат заедницата на ретки болести.