Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на 11 и 12 јули се извршија бесплатни педијатриски прегледи. Во овие два дена, над 20 деца имаа можност да добијат детален кардиолошки и ехо преглед од докторите од одделот за детска кардиохирургија, д-р Јорданка Маџоска и д-р Весна Трпковска.
„Аџибадем Систина“ овозможува изведување на најсовремени дијагностички процедури, со опрема од најновата генерација, со што децата добиваат исклучителна грижа, брза дијагноза и ефикасен третман.

Поради голем интерес, бесплатните прегледи ќе се изведуваат и на 16 и 17 јули, а предвидени се и за во месец август. Иницијативата е дел од определбата на болницата постојано да биде столб за одржување на здравјето на сите пациенти.
