ДОКТОРИТЕ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД БАЛКАНСКИОТ КОНГРЕС ПО НУКЛЕАРНА МЕДИЦИНА

07.06.2024

Докторите од Одделот за нуклеарна медицина во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, доктор Лилјана Муратовска и м-р доктор Билјана Црцарева, специјалисти по нуклеарна медицина, зедоа активно учество на 11. Балкански конгрес по нуклеарна медицина, со свои презентации, а беа и дел од организацискиот и научниот комитет.
Настанот се одржа во периодот од 30.5. до 2.6.2024 г. во Скопје и беше во организација на Здружението на нуклеарна медицина на Македонија, во соработка со балканските здруженија по нуклеарна медицина, а потпомогнат од IAEA (International Atomic Energy Agency) и EANM (European Association of Nuclear Medicine).
На настанот покрај докторите од Одделот за нуклеарна медицина, свое учество имаа и докторите од Одделот за хистопатологија, проф. д-р Јашар Џенгис и д-р Елена Стојкоска.
Конгресот беше акредитиран од Лекарската комора.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.