Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше еден од главните поддржувачи на конференција „Здравјето во фокусот на жената“. Конференцијата со меѓународно учество се одржа од 17-19 мај, по повод неделата на женско здравје, а е во организација на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари.
Покрај домашни предавачи, на конференцијата излагачи беа докажани гинеколози-акушери од Шведска, Хрватска, Германија, Грција, Словенија, Турција и Малта. Преку бројни предавања, симпозиуми и работилници беа пренесени новитетите во превеницја, дијагноза и третман на гинеколошките заболувања.
На тридневниот стручен настан беа присутни гинеколошко-акушерскиот тим на „Аџибадем Систина“, а стручно излагање имаше д-р Младен Ристески, гинеколог-акушер, на тема „Женскиот миркобиом како фактор во репродуктивната медицина“.
