На 23 април 2015 (четврток) на Одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се роди 10.000-тото новороденче. Тимот предводен од д-р Никола Панчевски, гинеколог акушер, со спонтано породување донесе на свет здраво машко бебе со родилна должина 50 цм и 3400 г. тежина. Малиот Даниел е првата радост на Викторија и Дарко Зарезанкови и 10.000-тото бебе родено во болницата од основањето на брендот Систина.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.