Acibadem Sisintina Run заокружи уште една „Женска трка”, како дел од Скопскиот маратон што по 7. пат се организираше во главниот град. И оваа година имаше рекорден број учесници или беа пријавени 2.300 учеснички од 15 земји. Од КБ „Аџибадем Систина“ учествуваа 20 натпреварувачки.
Трката имаше натпреварувачки, но и хуман карактер. Дел од средствата што беа уплатени како котизација беа донирани, а се купуваа и маички.
Парите кои се собрани ќе бидат наменети за помош на Снежана Караџовска во нејзината борба повторно да прооди. Клиничка болница „Аџибадем Систина“ учествуваше со спонзорство на трката и традиционално додели наградни ваучери за учесниците.
Уште еднаш испративме порака за значењето на здравиот начин на живот и важноста на здравјето на поединецот. Нашите учеснички во неколку возрасни категории беа меѓу првите 10 натпреварувачки, со што практично покажавме дека го негуваме и практикуваме спортскиот начин на живот.
Учеството на Женската трка е уште еден од настаните на „Академијата за среќа“, а следниот предизвик е Скопскиот маратон, за кој сериозно се подготвуваме.