Кан беше сам, но не повеќе. Сега се заедно со малиот Гете, а и двајцата се вистинска атракција во Зоолошката градина во Скопје. Двата морски лава се мили, убави, умни. Од неодамна имаат новини во живеалиштето во Зоолошката откако Клиничката болница „Аџибадем Систина“го доуреди со своја донација. Поставен е нов убав и функционален покрив. Досега немаше и тоа беше навистина голем проблем за Кан, затоа што генерално нему му пречеше топлото сонце. А сега, освен што е покриено, живеалиштето е опремено и согласно нивните потреби. А тие за тоа возвраќаат со дополнителна љубов.„Заедно создаваме подобар свет за животните” – ова е испишано на новиот дом на Кан и Гете. Тоа беше и главната причина зошто „Аџибадем Систина” одлучи да ги донира парите и да направи нешто што навистина ќе им значи. Како општествено одговорна компанија, клиничката болница, која е лидер по здравствените услуги во регионот, смета дека сите мора поодговорно да се однесуваме кон животните. А тие навистина знаат да го разубават денот на луѓето, да го исполнат со љубов, со мир.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.