Нова потврда за успешноста на Клиничката болница „Аџибадем Систина”. Според резултати кои се однесуваат за минатата година, смртноста во кардиохируршки елективни процедури во „Аџибадем Систина” е 1,90 проценти. Процентот на морталитет е понизок од проекцијата на Европското здружение на кардиохирурзи според која за „Аџибадем Систина” бил прогнозирана смртност од 2,04 отсто.
Нискиот процент на морталитет е доказ за подготвеноста на кадарот во болницата, за опременоста со тоа уште еднаш се докажа зошто „Аџибадем Систина” е прва по ранг болница.
И други споредбени истражувања покажаа добри резултати на Клиничката болница „Аџибадем Систина” и за одделот Кардиохирургија.
Минатата година овој оддел, впрочем, изведе револуционерни медицински потфати со кои болницата се издвои како лидер во регионот, но и пошироко.
Беше изведена и операцијата на вградување на целосно вештачко срце, за прв пат во Македонија.