По една година неизвесност дали ќе може да продолжи со својата фудбалска професионална кариера, Горан Попов во „Аџибадем Систина“ го реши својот најголем проблем. Успешно е направена операција на неговото колено од страна на д-р Михајло Ивановски и хируршкиот тим. Станува збор за повреда која многу често се јавува кај спортистите, повреда на менискусот и постојани болки и отоци во коленото.
„Не постои начин на кој би можел да му се заблагодарам на д-р Ивановски и целиот тим на доктори, медицински сестри и физиотерапевти кои се грижеа за мене за време на престојот во ‘Аџибадем Систина’. Тие се најзаслужни што за кратко време повторно застанав на нозе и што многу скоро ќе можам да се вратам на фудбалскиот терен.
Д-р Ивановски ми беше најголемата поддршка во текот на целиот процес. Јас цели 6 месеци се мачев со оваа повреда. По секој натпревар имав голем оток, не можев ниту да ја свиткам ногата и бев принуден да одморам по неколку дена само за да можам повторно да застанам на нозе. Презадоволен сум од д-р Ивановски и д-р Илиев, и од тоа колку успешно ми ја санираа повредата“, вели Горан Попов.
Фудбалерот Попов само ден по опрацијата можеше да застане на двете нозе и да се движи без тешкотии. Не го криеше задоволството што зад себе остави голем проблем кој можеше сериозно да стави крај на неговата успешна фудбалска кариера. Д-р Михајло Ивановски вели дека и во следниот период внимателно ќе го следи неговото заздравување. Вели дека за сите негови пациенти е отворен и достапен да разговара за нивното здравје.
„Операцијата помина одлично и Горан уште следниот ден по интервенцијата веќе можеше да застане на нозе и да прави кратки прошетки. Тоа се должи на неговата одлична кондиција и мускулна маса, кои несомнено ќе го забрзаат целиот процес на заздравување за Горан да може да се врати на спортските активности за околу 6-8 недели. Потребна ќе биде физикална терапија и уште еден PRP-третман пред Горан да се врати на терените со полна пареа, но тоа е само прашање на време“ – вели д-р Михајло Ивановски.
Случајот на Попов е уште една во низата успешни приказни што ги реализираше стручниот тим на доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Мултидициплинарниот пристап во лекувањето ја прави оваа болница уникатна и најдобра во регионот.