Како може да ги заштитиме децата, што да направиме за да им го зголемиме имунитетот, на кои сирупи да им го довериме здравјето на најмилите – на овие прашања д-р Александар Сајковски даде одговор на стручното предавање на конференцијата „Профемина 2019“.
„Имунитетот е комплексен систем што го штити организмот од сите натрапници околу нас, но и филтер што го чисти телото. Првата линија за подигање на имунитетот е правилна и здрава исхрана и максимално избегнување на конзервансите, пестицидите, органофосфатите, хербицидите во исхраната на деца. Втор природен елемент неопходен за подигање на имунитетот се правилното и редовно користење на пробиотиците“ – објасни д-р Сајковски, специјалист по педијатрија и неонатологија.
Дополнително д-р Сајковски објасни дека на децата им е потребно време за да го развијат имунитетот. Иако е сето тоа индивидуално од дете до дете, нив им е им се потребни 6 години да достигнат 40% од имунитетот штого имаат возрасните. Неговиот совет за зајакнување на имунитетот кај децата е тоа тие да се пуштат надвор безгрижно да играат, да се пратат во градинка да се социјализираат со другите деца.
Регионалната конференција „Профемина“, преку панел-дискусии со стручни лица, во фокус ги става темите поврзани со здравјето, убавината, мајчинството.