ГИНЕКОЛОЗИ ОД АЏИБAДЕМ СИСТИНА ПРЕДАВАЧИ НА ШЕСТИОТ КУРС НА ШКОЛАТА ЗА УЛТРАЗВУК „IAN DONALD“

ГИНЕКОЛОЗИ ОД АЏИБAДЕМ СИСТИНА ПРЕДАВАЧИ НА ШЕСТИОТ КУРС НА ШКОЛАТА ЗА УЛТРАЗВУК „IAN DONALD“

16.12.2019

Во организација на Македонска асоцијација за перинатална медицина и македонски огранок на интеруниверзитетска школа за ултразвук Ian Donald во Скопје се одржа шестиот курс во кој се зборуваше за современите достигнувања во ултразвукот во акушерството, гинекологијата и неонатологијата. Дел од настанот беа светски еминентните доктори: д-р Аслим Курјак (Хрватска), д-р Ебархард Мерц (Германија), д-р Гордана Адамова (Македонија), д-р Арис Антсаклис (Грција), д-р Снежана Ракиќ (Србија), д-р Снежана Црногорац (Црна Гора), д-р Апостол Атанасидис (Грција),  д-р Сонила Паскај (Албанија).
Покрај нив, како поканети предавачи учествуваа истакнатите гинеколози од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ д-р. сци мед Никола Баџаков, доц. д-р Митко Ивановски и д-р Павле Димчев.
Школaта „Ian Donald“ е основана во 1981 година и денес има национални ограноци во 60 земји ширум светот меѓу кои и во Македонија. Нејзината главна мисија е едукација на лекари кои во секојдневната пракса употребуваат ултразвук. Преку организирање на ваков тип стручни предавања од страна на веќе докажани и искусни предавачи, учесниците на курсевите имаат можност за континуирана едукација, како и да бидат во тек со најновите достигнувања на ултразвучната технологија и нејзина имплементација во гинекологијата, акушерството и перинатологијата.

Како здравствена институција која се залага за едукација и сознавање на најновите медицински достигнувања, ни претставува чест што меѓу светски признаените експерти од областа на гинекологијата и акушерството, во едукацијата на лекарите учествуваа и нашите врвни експерти д-р Ивановски, д-р Баџаков и д-р Димчев. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.