Joint Commission International е најпрестижна болничка акредитација во светот, која се води по строгите стандарди фокусирани на области кои директно влијаат на грижата и лекувањето на пациентот. Програмата за акредитација JCI го опфаќа целиот процес од влегување на пациентот во болница, следење на неговото лекување до напуштање на болницата. JCI e непрофитна, невладина агенција со седиште во Чикаго, Илиноис (САД) формирана во 1994 година. JCI-акредитирана болница значи болница што во својата работа ги имплементиа интернационалните цели за безбедност на пациентите. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ првата акредитација ја доби во април 2016 година. Но според процедурите на JCI, тоа добивање на златниот печат не значи дека тој има трајна и вечна вредност, туку треба да се обновува на секои 2 години. Проф. д-р Љупчо Лековски, медицински директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, објаснува дека подготовките за реакредитација траеле повеќе од две години, бидејќи неопходно е да се обезбеди комплетна документација и целосно спроведување на процедурите за безбеденост и сигурност за пациентите и за безбедна хирургија.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.