Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со најголемата приватна лабораторија на Балканот каде што PCR-тестовите за Ковид-19 се изведуваат по строго утврдени протоколи и правила. Тестирањата се прават единствено во специјалниот пункт за ковид-тестирање сместен во склоп на болницата по претходно закажан термин или без закажување, а примероците (брисеви) ги земаат само и исклучиво официјални медицински лица, вработени во болницата. Издадените резултати од PCR-тестовите се верифицирани со два печати, со основен (кружен) печат и факсимил печат. По барање на пациентите, печатениот резултат од PCR-тестот може да биде бесплатно преведен и на англиски јазик и исто така верифициран со два печати.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.