Над 30 доктори и медицински лица преку Здружението за француско-украинска синергија во областа на здравството (АСФУДС) денеска беа во посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Станува збор за гинеколози, ортопеди, кардиолози и медицински лица кои работат во ургентни центри во Украина кои ги посетија амбулантските одделенија на одделите по ортопедија, гинекологија и кардиологија, одделот за радиологија, интензивниот оддел и операционите сали во болницата и кои посетата ја реализираат на сопствена иницијатива. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја одбрале како лидер во регионот во однос на капацитети, стандарди, опрема и услуги кои ги нуди.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.