„Целта на спроведување на акцијата е да бидеме сигурни дека персоналот во болницата е подготвен и може да одговори за време на кризни состојби од било кој вид. Преку оваа акција денес видовме дека персоналот е обучен на тој начин што може да биде поддршка на одговорните тимови (полиција, противпожарна…), може да преземе неопходни акции за евакуација на пациенти и нивните семејства или нивен пренос во безбедна локација. Во случај на опасност, важно е сите Оддели да работат координирано и да бидат водачи на планот за заштита и спасување. После денешната вежба може да констатирам дека „Аџибадем Систина“ има ефекасен систем за заштита и превенција на сите директно инволвирани учесници за време на кризна ситуација. Денес потврдивме дека „Аџибадем Систина“ е подготвена да одговори на ваквиот предизвик.“, изјави Марјанчо Јаневски, командант на Штабот за заштита и спасување во вонредни состојби на Клиничка болница „Аџибадем Систина“.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.