Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираше едукација и практичен тренинг на тема- дефибрилатор и дефибрилација. Обуката беше намената за студентите од Факултетот за медицински науки при Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ кои во нашата болница ја реализираат својата студентска пракса, а ја спроведе Ленче Спасовска, главна сестра на Одделот за кардиологија.
На овој практикум студентите имаа можност да се запознаат со повеќето видови на дефибрилатори, нивната примена, начинот на употреба, како и со механизмот на изведување на дефибрилација и факторите кои влијаат на успешноста на истата. Обуката заврши со одличен успех, а студентите имаа можност за реализирање и на практичен дел.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.