На 10 декември во Скопје се одржа првата стручна средба на новоформираното Македонско здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега (МЗМСАРИН). Здружението е професионално, национално, неполитичко, доброволно и независно, а формирано со цел да ги обедини сите медицински сестри/техничари кои работат на одделите за анестезија, реанимација и интензивна нега од сите државни и приватни медицински установи во Македонија.
На стручната средба присуствуваше и претседателката на Здружението на лекари по анестезија, реанимација и интензивно лекување доц. д-р Весна Дурнев, која имаше свое излагање на стручна тема и повика на заемна соработка помеѓу двете здруженија. На настанот беа присутни и голем број колешки и колеги од нашата болница, покажувајќи огромен интерес за натамошните активности во здружението.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.