ПРОФ. Д-Р СОТИР СТАВРИДИС СО УЧЕСТВО НА СТРУЧЕН СОБИР ВО СРБИЈА

ПРОФ. Д-Р СОТИР СТАВРИДИС СО УЧЕСТВО НА СТРУЧЕН СОБИР ВО СРБИЈА

17.11.2026

Проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија, беше дел од првите „Шумадиски уролошки денови“, кои се одржаа на 13 и 14 ноември 2026 година во Крагуевац, Србија на тема „Карцином на простата, бенигна хиперплазија на простата, карцином на бубрег и третман на калкулоза“.

На овој дводневен стручен собир, беше изведена лапароскопска парцијална нефректомија (делумно отстранување на бубрег) во живо, демонстрирајќи современ, минимално инвазивен хируршки пристап во третманот на тумори на бубрегот во која учествуваа проф. д-р Сотир Ставридис и уролози од Србија и од земјите во регионот.

Настанот, во организација на Српското лекарско друштво и Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац, беше посветен на размена на професионални искуства, презентација на клинички случаи и претставување современи методи за дијагностика и лекување на уролошките заболувања.

Учеството на проф. д-р Ставридис претставува уште една можност за споделување на хируршкото знаење и искуство на меѓународно ниво.

 
 

 

 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.