СТРУЧНИ ПРЕДАВАЊА НА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГЕРИЈАТРИСКА И ПАЛИЈАТИВНА МЕДИЦИНА

СТРУЧНИ ПРЕДАВАЊА НА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГЕРИЈАТРИСКА И ПАЛИЈАТИВНА МЕДИЦИНА

16.11.2026

Доц. д-р Миленко Костов, специјалист по неврохирургија и доц. д-р Дарко Саздов, специјалист по анестезиологија и интензивно лекување од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учествуваа на Втората научна конференција за геријатриска и палијативна медицина, која се одржа на 13 и 14 ноември 2026 година во Скопје.

Конференцијата, организирана од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ - Скопје, се одржа под мотото „Синдроми и симптоми во геријатрија и палијатива“, со цел размена на стручни знаења, искуства и современи пристапи во третманот и грижата за геријатриските и палијативните пациенти.

Доц. д-р Миленко Костов, специјалист по неврохирургија, имаше предавање на тема „Конзервативен третман со кортикостероиди на хроничен субдурален хематом кај геријатриската популација“, во кое ги претстави современите сознанија и можностите за нехируршки третман на оваа состојба кај повозрасните пациенти.

Доц. д-р Дарко Саздов, специјалист по анестезиологија и интензивно лекување, одржа предавање на тема „Современ минимално инвазивен интервентен третман на хроничната и канцерската болка“, со акцент на примената на современите интервентни техники за ефикасна контрола на болката, намалување на потребата од системски аналгетици и подобрување на квалитетот на животот на пациентите.

Научниот собир обедини здравствени професионалци од различни специјалности, кои преку мултидисциплинарен пристап дискутираа за предизвиците и современите медицински практики во геријатриската и палијативната медицина. Со своето учество, докторите од „Аџибадем Систина“ дадоа придонес во размената на стручни искуства и унапредувањето на современите пристапи во лекувањето и грижата за пациентите. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.