„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО БЕСПЛАТНО ПРЕДАВАЊЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО БЕСПЛАТНО ПРЕДАВАЊЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА

05.11.2026

По повод Светскиот ден на предвреме родените бебиња, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организира бесплатно едукативно предавање со практични вежби за сензомоторна стимулација, наменето за родители и бебиња на возраст до 12 месеци. Настанот ќе се одржи на 17 ноември, со почеток во 13 часот, а целта е да се истакне важноста на раното препознавање на можните отстапувања во моторниот развој и навремената интервенција.

Предавањето е особено корисно за родителите на предвреме родени бебиња, бебиња што имале компликации при раѓањето, како што се асфиксија или мозочно крвавење, бебиња од близначка бременост, како и за родителите на бебиња на кои им е препорачана физикална терапија или развојно следење, a ќе го води м-р Дијана Мариновска, детски физиотерапевт. 

Првата година од животот е клучна за моторниот развој на детето. Благодарение на изразената пластичност на мозокот во овој период, раната проценка, соодветната стимулација и навремената физикална терапија можат значително да придонесат за правилен моторен развој. Преку практичните вежби, родителите ќе добијат стручни насоки за тоа како правилно да го поттикнат развојот на своите бебиња.

Дополнително, „Аџибадем Систина“ овозможува бесплатни превентивни прегледи за сите бебиња родени во болницата, на возраст од 3 до 12 месеци. Прегледите се закажуваат однапред, на телефонскиот број 02 3099 500.

Бројот на места за предавањето е ограничен, а пријавувањето е задолжително на телефонскиот број 070 888 933. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.