Секое движење е ново откритие, а секој мал напредок е голем чекор во развојот на бебето. Со цел да им помогне на родителите правилно да го поттикнат моторниот развој на своите најмали, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од 3 ноември започнува со нова група за гимнастика за бебиња на возраст од 2 до 12 месеци.
Преку игра, движење и внимателно осмислени вежби, бебињата имаат можност да ги развиваат своите моторни вештини, координацијата и стабилноста на телото, во согласност со возраста и индивидуалните развојни можности. Активностите се насочени кон поддршка на природниот психомоторен развој, создавајќи позитивно искуство и за бебињата и за нивните родители. Посебен акцент е ставен на активното учество на родителите, кои преку практична работа ќе научат како да ги препознаваат развојните потреби на своето бебе и како со едноставни, правилно изведени вежби да го поддржат неговиот напредок и во домашни услови.
Гимнастиката за бебиња не е само физичка активност, туку и можност за заедничко истражување, игра и градење блискост меѓу родителот и детето. Секоја активност е приспособена на можностите на бебето, со почитување на неговото индивидуално темпо на развој.
Часовите ќе се одржуваат секој вторник, со почеток во 11:00 часот, а месечната членарина изнесува 3.000 денари. За сите пријавени учесници следува подарок од нашите Acibadem Sistina Baby пријатели. Затоа што големите чекори започнуваат со мали движења!
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.